ВМРО-ДПМНЕ очекува фер избори, досега без забелешки за гласањето

Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ / Фото: Слободен печат, Архива

Очекуваме изборниот ден да помине во фер и демократска атмосфера, на ниво достојно на европските вредности, а тоа институциите мора да го обезбедат, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на обид за вршење поткуп, притисоци и заплашувања на граѓаните од страна на власта. До нас стигнуваа информации на кој начин и каде власта се обидуваше да изврши поткуп на граѓаните, за што многупати алармиравме и навремено ја информиравме јавноста. Сметаме дека ова е исклучително штетно за македонската демократија, но дозволете ми да потенцирам дека сме убедени дека граѓаните и покрај ваквите притисоци и опструкции ќе го искористат уставното право на глас од кој зависи заедничката иднина – рече Митева на прес-конференција.

Таа додаде дека согласно информациите кои ги сподели Државната изборна комисија досегашниот тек на гласањето е во најдобар ред со мали исклучоци, а настанатите проблеми се надминуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот