ВМРО-ДПМНЕ обвинува за тајни средби во Софија на владини претставници

Овој викенд во Софија се одржуваат тајни средби помеѓу македонски бугарски владини претставници, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова досега Заев не го негираше. Според нашите информации се разговара за договор за јазикот, историјата, идентитетот и народните херои при што македонските владини претставници биле договорени да попуштат во црвените линии и ги прифатат бугарските максималистички барања. Заев ги продава државните интереси на тајни средби додека во Македонија ја замајуваат јавноста, обвинуваат опозиционерите.

Оттаму додаваат дека ниту еден договор кој ќе биде штетен за државата нема да помине и нема да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот