ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството и судството под директна контрола на Заев наместо да го гонат и осудат криминалот, тргуваа со правдата

Фото: МИА

Зоран Заев и СДСМ ја претворија Македонија во земја во која царува криминалот, корупцијата и рекетот. Сите видоа како функционери од власта на Заев ставаат снопчиња пари во своите торби, сите видоа како во Луј Витон куфери се носат изрекетираните пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Зоран и Вице Заеви, наведуваат во соопштението од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Обвинителството и судството под директна контрола на Заев наместо да го гонат и осудат криминалот, тргуваа со правдата, па така имавме ситуација во која брат на судијка бара рекет од 6 милиони евра. За ова како и за речиси секој криминал во државата знаел Зоран Заев и истиот го заштитувал. Дека криминогените активности биле модус вивенди во работењето на власта на Заев потврда е и сведоштвото дека Мила Царовска и Александар Кирацовски, но и многу други партиски функционери посредувале во матните зделки и рекетирањето кое се одвивало, а Радмила Шекеринска во интимни средби директно комуницирала со изведувачите на ваквата операција- стои во соопштението.

Македонија и граѓаните, потенцираат оттаму, не заслужуваат власт на Зоран Заев која ја тоне државата во криминал, рекет и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот