ВМРО-ДПМНЕ: Новинарите да не подлегнуваат на притисоците и заканите на Заев

Фото: МИА

Новинарите кои пишуваа за скандалозните криминали на Заев и картелот околу него не се суетни, туку се гласот на граѓаните и не смее да подлегнат на притисоците и заканите на аболицираниот криминалец, реагираше денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, никој веќе не верува дека Заев, човек кој, како што велат, е трипати амнестиран за криминал, не е на чело на криминалниот октопод и порачуваат дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара кога Заев ќе си замине од политиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот