ВМРО-ДПМНЕ: Новата такса од 4,13 денари по литар гориво треба да го покрие делумно бесрамното трошење на буџетските пари

Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради неодговорноста на власта на Заев, граѓаните ќе плаќаат 4,13 денари повеќе за секој литар купено гориво. Оваа такса трајно го поскапува горивото и отвора инфлаторна спирала, а власта ја воведува само за да пополнува буџетски дупки и да го ублажи катастрофалниот долг кој го создаде, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму преку вакви нови такси, повисоки даноци, поскапа струја и слични давачки, власта на Заев ќе ја покрива својата погрешна финансиска политика. За само 4 години власта на Заев го искачи долгот на рекордни 7,2 милијарди евра, или загрижувачки 63% од БДП. Само за илустрација долгот за овие 4 години порасна за нови 2,4 милијарди евра или за цели 50% повеќе отколку што наследија. Заев на секое просечно семејство му натовари нов долг од 4800 евра за време на својата власт.

Да биде пострашно, апсолутно никој не знае каде завршија овие милијарди од новите долгови, како и милијардите од даноците кои ги плаќаат граѓаните. Нема ниту капитални инвестиции, ниту поддршка за стопанството, нити нови училишта, болници, градинки, автопати и слично.

Затоа и овие 4,13 денари по литар поскапено гориво е обична петро-заева такса која треба врз грбот на граѓаните да ги покрива погубните економски и финансиски политики на Заев, криминалот, корупцијата и галопирачкото задолжување“, нагласија од најголемата опозициска партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот