ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува, ниту демантира написите на „Лајм“

Опозициската партија ВМРО–ДПМНЕ ниту ги потврдува ниту ги демантира написите на порталите на албански јазик „Лајм“ и „Тетова Сот“ дека со ДУИ се пред договор за влада со премиер Албанец.

-ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање парламентарно мнозинство. Информации од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме ниту да демантираме- велат од ВМРО-ДПМНЕ за „360 степени“.

Уште пократок одговор порталот добил од Бујар Османи од ДУИ.

-Немам коментар- напишал Османи во СМС-порака за „360 степени“.

Поралот „Лајм“, повикувајќи се на партиски извори, објави дека Али Ахмети и Христијан Мицкоски се согласиле дека прв премиер ќе биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. На овој начин ДУИ ќе има образложение дека го реализирала барањето за премиер Албанец, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има револт, затоа што за Еленовски ќе биде јасно дека „изјавата дека е Албанец е само за потребите на дневната политика“.

Порталот „Тетова Сот“, пак, напиша дека, според нивните извори, со договорот ВМРО-ДМПНЕ се согласила со партијата на Али Ахмети да му се дадат две години на премиерот на ДУИ и две на оној на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лајм“: Eдинствената „задача“ на Мицкоски е да го убеди Апасиев да поддржи влада со премиер Албанец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот