ВМРО-ДПМНЕ: Николовски и неговиот шеф се криминалци

СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски се главните виновници поради кои во последните 4 години Република Македонија тоне во криминал и корупција, а само во изминативе месец дена СДСМ продуцираше повеќе криминал од било која европска држава, регираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното интервјуто на Љупчо Николовски во „Само интервју” на Канал 5 Телевизија.

-Љупчо Николовски кој е задолжен за борбата против криминалот и корупцијата во државата треба да си ја работи својата работа и прв кој треба да треба да одговара за криминал и корупција е неговиот шеф Зоран Заев. Владата на СДСМ треба да одговара за аферата „ШИК ЈЕЛАК” каде 200 милиони евра завршуваат директно во џебовите на власта. Во ек на корона фирмите на Заев и Нина Ангеловска земаа државна помош, за тоа никој не одговара. Никој не сноси одговорност за пропаѓањето на „Еуростандард банка” и каде завршија 200 милиони евра. СДСМ треба да одговара за тендерот од 6.2 милиони евра за ископување на јаглен од РЕК Битола кој го доби нивен финансиер Силјан Мицевски- стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај сите овие криминали, потенцираат оттаму, кои ги прави владата на СДСМ без никаков срам ја поскапија и струјата за 7.4%. Николовски не се бори против криминалот, затоа што тој и неговиот шеф се криминалци.

Николовски: Во борбата против корупцијата никој не смее да биде заштитен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот