ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не изненади ако се потврдат некои шпекулации дека власта крие новозаболени, за да не се добие впечаток дека нема услови за избори на 5-ти јули

Фото: Архива на „Слободен печат“

Дали власта ги фингира бројките на заразени за да се креира лабава атмосфера на новото нормално на Заев. Власта вечерва ги коригираше бројките на новозаразени од коронавирусот во Македонија. Како 67 станаа 76 ново заболени. Тоа се човечки животи, а не бројки, велат во партиското соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали власта ги фингира бројките и со јавноста споделува фингирани извештаи за бројот на заболени во државата, со задни намери и остварување на политички цели? Дали намерно се дозира бројот на заболени со цел да создадат привидна состојба на контрола над ситуацијата и да се затскрие фијаското кое Владата на СДСМ го доживува во борбата со заразата? Нема да не изненади ако се потврдат некои шпекулации дека власта крие новозаболени и ги дозира со цел да не се добие впечаток дека нема услови ни на 5-ти јули да се одржат избори и да се исполнат инструкциите на Зоран Заев за да се креира лабава атмосфера на новото нормално- велат оттаму.

Срамно, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, е со една таква леснотија да се споделуваат вакви сензитивни информации со јавноста, заборавајќи дека станува збор за човечки животи, судбини, стравови и сериозни предизвици со кои се соочуваат македонските граѓани.

-СДСМ уште од првиот момент на ширење на епидемијата се занимава со политика наместо со заштита на здравјето на граѓаните. За власта политичката кариера на неколкумина е поважна од животите на македонските граѓани. Народот гледа, народот гласа, народот казнува, а најголемата казна следува на следните избори кои ќе стават крај на криминалната политичка кариера на Зоран Заев- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот