ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за поништување на лустрацијата

Како што вели пратеникот Илиоски, Законот е во целосна спротивност на европските вредности и демократски принципи и од таа причина ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски изјави дека опозицијата нема да го поддржи Законот за поништување на лустрацијата.

Како што вели Илиоски, Законот е во целосна спротивност на европските вредности и демократски принципи и од таа причина ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи.

– Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци. Со СДСМ Македонија стана единствена држава во Европа во која нема лустрација на кодошите на комунистичкиот режим, кои цели кариери изградија врз база кодошење на македонските патриоти, но и недолжни граѓани. Македонија е единствена држава во Европа, во која кодошите на комунистичкиот режим кои местеа луѓе и уништуваа човечки судбини, наместо осуда, за тоа ќе добијат и пари од државата. Законот кој СДСМ го предлага е во целосна спротивност на европските вредности и демократските принципи и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи. Одговорност за кодошите мора да има. И морална и политичка – рече Илиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот