ВМРО-ДПМНЕ: Негирање на Македонија во главниот град на Македонија е придобивката од политиките на Ковачевски

Фото: Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение истакна дека ги осудува негаторските и асимилаторски пароли кои се навреда за чувствата на Македонците искажани денес среде Скопје при панихидата на Мара Бунева.

„Ваквите изјави со кои се негира Македонија се последица на предавничките политики на СДС и Ковачевски.Уште посрамно е што за сето ова молчат државните институции, затоа што Бујар Османи и ДУИ како и Ковачевски и СДС се фокусирани кон криминал и тендери, наместо кон одбрана на државните интереси.Негирање на Македонија, во главниот град на Македонија е придобивката од политиките на Ковачевски, СДС и ДУИ.Џамбаски е дијагнозата со која СДС и Ковачевски ја донесоа во Македонија со својата безлична и предавничка политика.За да им поминуваат криминалите, СДС и ДУИ се попустливи кон секој кој има аспирации кон Македонија“, се вели во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

Денеска на кејот на Вардар во центарот на Скопје пред спомен-плочата на револуционерката Мара Бунева, со зборовите „Вечна памет на Мара Бунева“ и „Да живее Бугарија! Македонија е бугарска!“ бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и членовите на бугарската Фондација „Македонија“ го организираа претходно најавениот настан за одбележување на денот кога била убиена Бунева.

ФОТО: Џамбаски на чествувањето на Мара Бунева: Ние сме братски народ, треба да се обединиме!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот