ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа Бугарите да влезат во Уставот пред да почнат преговорите за ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 најави дека неговата партија нема да го поддржи отворањето на Уставот, за во него да бидат внесени Бугарите, што е обврска која ја презела македонската страна во преговорите со Бугарија.

„Нема да гласаме и нема да поддржиме“, порача Николовски, велејќи дека Владата веќе го прифатила овој услов во последниот предлог на француското претседателство, кој денеска пристигна во Скопје. За промена на Уставот, потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.

„Барањето за внесување на Бугарите во Уставот во минатото беше поставувано како единствено и последно барање на Бугарија. Сега гледаме дека тоа е едно од серија барања на Бугарите, дека Бугарија отиде во својата екстремна позиција, дека се бара да направиме, пред да има почеток на преговорите, без никаква гаранција дека нема да добиеме 20 вета во текот на преговорите и никогаш да не ги завршиме“, рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот