ВМРО-ДПМНЕ направи скандал во Собранието

Фото: МИА

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на верификација на мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова, која треба да дојде на местото на пратеничката Јагода Шехпаска која е избрана за министерка за труд и социјална политика.

Од владејачкото мнозинство велат дека за 27 години од парламентарната демократија во Македонија не се случило кој било од пратениците да не гласаат за верификација на мандат на свој колега.

Велат дека со ваквиот чин опозициската партија ја продолжува политиката на нивната партиска колешка Гордана Силјановска Дафкова, која гласаше против верификација на мандат на пратеник од редовите на ДУИ, Бедри Фазлиу.

Со 63 гласови за и ниту еден против, без присуство на ВМРО-ДПМНЕ во собранеито Рамбабова е избрана за нов пратеник од Коалицијата „Можеме“.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за Слободен печат вели дека не е спорен мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова.

– Ние присуствуваме на Комисијата за мандатно имунитетни прашања и со тоа пративме порака дека сме подготвени институционално да ги решаваме работите. Оваа коалиција е направена само од бизнис интереси и е со многу тенко мнозинство, треба да биде подготвени да си ги обезбедат пратениците на седница и во случај на немање на кворум вината да ја бараат во нивнте редови, а не во опозицијата која ќе биде силен коректив на лошите и ненаменски законски решенија кои ќе стигнуваат во Собранието – вели Мицевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот