ВМРО-ДПМНЕ: Наместо Петровска да шири лаги, нека го повика Зоран Заев да си ја оствари ветената оставка

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски / Фото: Скриншот, Фејсбук

Наместо Славјанка Петровска да шири лаги преку прес конференции, нека го повика Зоран Заев да си ја оствари ветената оставка, е реакцијата на ВМРО ДПМНЕ откако пратеничка на СДСМ, обвини дека има нов скандал за нелегално финансирање на партија и во него се вмешани и лица блиски до Мицкоски.

Додека Славјанка беше државен секретар во МВР, Спасовски издавал пасоши на мафијаши низ целиот свет. Кога СДСМ ќе побара расветлување на овие случаи? Граѓаните му порачаа крај на Зоран Заев на локалните избори. Крајот на СДСМ е се повидлив. За сите криминали и невистини премиерот во заминување Зоран Заев ќе одговара, велат од партијата.

ВИДЕО | Петровска: Нов скандал за нелегално финансирање на партија, дали во него се вмешани и лица блиски до Мицкоски?

Како што дополнуваат тие, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите надлежни институции да го истражат случајот поради кој се упадна во четвртокот во домот на пратеник на денот кога требаше да се гласа за недоверба на владата.

Истиот ден кога власта упадна во домот на пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така се дрзна и да киднапира пратеник. И тоа е се со цел луѓето на премиерот во заминување Зоран Заев да останат некој ден повеќе на власт и да имаат можност да направат уште некој криминал. Го повикуваме обвинителството да го испита случајот, а партијата на премиерот во заминување да побара расветлување на низа други криминални случаи каде постојат вистински докази, како што е случајот рекет и тврдењето дека парите завршиле кај Вице и Зоран Заев, завршуваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот