ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да бара аплауз, Заев веднаш да ја поднесе оставката

Фото Архива

„Аплауз за Заев е доказ дека тие околу него се отсутни од реалноста. Се прашуваме за што му аплаудираат, за инфлацијата, за поскапувањето на струјата, за пожарот во РЕК Битола или тоа што нема струја или за тендерите со кои партал ја направи државата?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, откако највисоките партиски тела на СДСМ вечерва донесоа едногласна одлука Заев да ги одложи оставките на премиерската и на партиската функција на неодредено време.

Еве ја во целост реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

“Дали можеби му аплаудираа на Заев за немањето одговорност за 14-те изгорени во модуларната во Тетово или за 500 заболени од ковид дневно и што сме со во врвот со највисока стапка по починати во светот?

Дали му аплаудираа на Заев за тоа што сме најлоши по корупција на 111 место во светот или што сме прогласени за хибриден режим?

СДСМ да појаснат за што точно е аплаузот за Заев.

Отсуството од реалноста на СДСМ се гледа и по тоа што во криза дотерани во скапи автомобили се појавија да му дадат аплауз на Заев откако ги предводеше во катастрофален пораз и бега од одговорност и ветениот збор.

Лажгото Зоран Заев повторно не си достои на зборот. 9 дена по најавената фејсбук оставка, пропадна во земја, за да денес го храбрат неговите неколкумина соработници во криминал.

Заев е измамник и губитник, наместо да бара аплауз треба веднаш да си ја поднесе оставката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот