ВМРО-ДПМНЕ најавува протест 

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВМРО ДПМНЕ најавува протест со почеток во 12 часот и 30 минути кој ќе заврши пред владата а поради пандемијата со коронавирусот ќе биде со автомобили.

Кон владата ќе се тргне од две локации, спортскиот центар Борис Трајковски и спортскиот центар Јане Сандански.

„Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик”, велат од партијата.

Ова ќе биде трет протест на опозициската партија, откако започнаа да протестираат во четвртокот.

ГАЛЕРИЈА | „Протест сега, за да не биде предоцна“: ВМРО-ДПМНЕ бараат оставки од Заев и Владата

ФОТО I Вечерва протести на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во седум града, утре во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот