ВМРО-ДПМНЕ најави афера „Броило“ за профитери со струјата

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за днееска најави прес-конференција на која ќе открие „профитери со електрична енергија“. Соопштението го пренесуваме во целост:

„Денес граѓаните ќе дознаат кои се кризните профитери во Македонија, аферата Броило ќе ги открие фирмите и профитерите кои се богателе на маката на граѓаните. Користејќи ги кризните состојби во државата, лица од власта на анти македонската СДС краделе од парите на граѓаните. Во Македонија дневно затвораат по десетина бизниси и на улица, без работа остануваат стотина луѓе, а некои преку криминални тендери и со пари на граѓаните се богатат. Клептоманите од СДС не мислеле, и не работеле за излез од енергетската криза, туку работеле за личен профит. На фирми на високи функционери од власта им вртело електричното броило за богатење.

Аферата „Броило” која ќе ја објавиме денес на прес-конференција ќе ја открие вистината за тоа кои фирми и кои функционери од антимакедонската СДС се богателе на грбот на граѓаните. Ова афера ќе ги открие кризните профитери. Додека стопанството тоне, граѓаните не знаат како да ги платат високите сметки на електрична енергија, кризните профитери енермно се богателе. Скандалот „Броило“ ќе ги разоткрие бизнис шемите за богатење на клептоманите од СДС, и исто така ќе покаже зашто оваа власт грчевито се бори за продолжување на кризната состојба во енергетиката“, велат од опозициската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот