ВМРО-ДПМНЕ: Најавената фабрика за согорување отпад во Неготино опасност од загадување

Зоран Заев ги излажа граѓаните од Тиквешијата. Среде земјоделски регион и најплодна почва, Заев најавува во Неготино изградба на фабрика за согорување на отпад од речиси цела држава. Тој на земјоделците од овој регион им ветуваше здрава животна средина, а сега им носи опасност од енормно загадување.

Да биде овој бизнис уште посомнителен, наведениот инвеститор кој го најавува Заев е од Луксембург, земја позната по оф-шор фирми со сомнително сопствеништво кое е сокриено за јавноста.

Оф-шор компанија во комбинација со Заев е рецепт за корупција и еколошки злостор. Ова како и за многу други добри зделки на Заев мириса на провизии и криминал, се разбира на штета на народот. Во ситуацијава на штета на граѓаните на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и соседните општини. Нив ги прелажа, а сега се заканува да им ја загади земјата од која живеат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот