ВМРО-ДПМНЕ: Над 40 илјади лица останаа без работа, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија

Фото: МИА

Економијата доживува крах, а народот тоне во сиромаштија. Власта на Заев нема апсолутно никаков план и стратегија да се справи со економските последици од Ковид кризата, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Над 40 илјади лица останаа без работа, речиси толку не земаат редовно плата, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија. Во услови кога не знаат што конкретно и долгорочно да преземат, власта на Заев се подготвува за нов краткорочен поткуп на граѓаните со кој ќе купи еден месец социјален мир и ќе потроши нови милиони евра. Политиката купи ден помини доведе до состојба во Македонија падот на економијата да биде за -12,7%, а јавниот долг да порасне за нови една милијарда евра за само три месеци- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ништо од ветените проекти, велат оттаму, како што беше и викенд без ДДВ, новите странски инвестиции и долгорочната помош на стопанството.

-Со поскапувањето на струјата власта придонесува стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа, а стопанството не гледа излез поради популистичките мерки од кои нема никаков ефект.
Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Додека народот осиромашува, мафијата на власт се богати. Додека оваа мафија е на власт, нема економски развој- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот