ВМРО – ДПМНЕ: На предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со близу 200 илјади гласови разлика во однос на СДСМ

Агенцијата ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1014 испитаници за периодот од 1 до 18 јули 2022 година, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно анализата на бројките, на следните парламентарни избори би излегле од 870 до 875 илјади граѓани.

Изведено од измерената процентуална доверба распоредот на гласовите во децимали би бил следен:

• ВМРО-ДПМНЕ 355-360 илјади гласови

• СДСМ 170-175 илјади гласови

• ДУИ 110-115 илјади гласови

• Левица 100-105 илјади гласови

• Алијанса за Албанците 50-55 илјади гласови

• Други 75-80 илјади гласови

Потсетување:

На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалициии, за која партија би гласале, резултатите се следни? (*на целата популација)

• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%

• СДСМ 9.5%

• ДУИ 6.2%

• Левица 5.9%

• Алијанса за Албанците 2.8%

• Други 4.2%

• Неодлучиле 22.5%

• Одбиле да одговорат 17%

• Не би гласале 12.2%

На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (* со push нa 48% од определената популација)

• ВМРО-ДПМНЕ 40,8%

• СДСМ 19,6%

• ДУИ 12,8%

• Левица 12,2%

• Алијанса за Албанците 5,9%

• Други 8,7%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот