ВМРО-ДПМНЕ: На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина

На лагите на Венко Филипче им нема крај. По една година од корона во Македонија слушаме само како кажува вакцините само што не дошле, ама вакцини во државава никако да стигнат. Крај на февруари, на прагот е март во Македонија нема ни една вакцина, освен оние 8000 донирани од Србија, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Крај на февруари, на прагот е март и повторно нова лага од Филипче кој вели кинеските вакцини ќе доцнеле!

Истите требаше да стигнат во февруари, па првата недела од февруари, па по кинеска Нова година, ама се помина, еве го март кинески вакцини нема, ама „најавата” дека ќе доцнат е тука.

И за одбиените руски вакцини, Филипче вели се понудил рускиот амбасадор во земјава да помогне. А истите тие Филипче и Заев ги одбија во декември.

За крајот на март неодамна најави доста вакцини од Фајзер, од КОВАКС механизмот, кинески.

„Ситуацијата е под контрола” на Венко Филипче по една година резултира со 3.119 починато од корона.

Неспособноста на Филипче и Заев да набават вакцини чини човечки животи.

За ова одговорност мора да има!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот