ВМРО-ДПМНЕ на мисла да иницира постапка за импичмент на претседателот Пендаровски

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да даде поддршка за петте одлуки за вонредна состојба што го прогласи претседателот Стево Пендаровски, а сега размислува да иницира и постапка за импичмент во Собранието.

– Вонредните состојби не беа во насока за справување со пандемијата туку за богатење на одредени функционери на СДСМ со кои соучесник е и претседателот“, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

За импичмент на Пендаровски се потребни 80 гласа во законодавниот дом, исто колку и за потврдување на вонредната состојба.

Одбивањето да се гласа за одлуките на претседателот, според СДСМ е неодговорно и несериозно, но не може да предизвика сериозни правни последици. Заев го потсетува лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски дека двајцата барале од Пендаровски да прогласи вонредна состојба.

Од ДУИ, пак, потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше дел од Пржинската Влада и учествуваше во носењето на владините уредби.

Вчера на собраниска седница беа ставени за потврдување одлуките за вонредна состојба на Пендаровски. Во Уставот е пропишано дека одлука за вонредна состојба носи Собранието со двотретинско мнозинство, но и претседателот во услови кога законодавниот дом не може да се состане. Таква, впрочем, беше состојбата во март кога Пендаровски ја донесе првата одлука за вонредна состојба, од причина што Парламентот беше распуштен во февруари поради предвремените избори што првично беа закажани на 12 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот