ВМРО-ДПМНЕ: На денот на ВМРО протестираме со автомобили во Скопје и во Штип

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ВМРО-ДПМНЕ соопштие дека и денеска на Денот на македонската револуционерна борба ќе организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите.

Протестот ќе започне од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром и ќе заврпи пред Собранието каде што ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот