ВМРО-ДПМНЕ: МНР да одговори зошто дипломатите немаат здравствено осигурување

фото: Фејсбук

Опозицијата бара Министерството за надворешни работи да кружи како „киша око Крагујевца” и да одговори зошто дипломатската мрежа и администрацијата во МНР со месеци немаат беа здравствено осигурани, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

-Срамно е дипломати, амбасадори, службеници во администрацијата на македонската дипломатија при посета на лекар да се соочуваат со тоа дека немаат здравствено осигурување. Но, тоа е СДСМ, тоа е заобиколување на законите, тоа е односот кон македонската дипломатија. Ајде да одиме со факти! Ако се било редовно, зошто тогаш сандачето за електронска пошта во МНР повеќе месеци е преполно со прашања и поплаки од вработени за немање здравствено осигурување? Ова се дел од фотографиите на документи од здравствени установи каде јасно се гледа дека вработени во МНР од 30.04.2019 и таа состојба трае се до вчера – рече Наум Стоилкоски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој презентира и дел од пораките.

-Еве што пишуваат во меиловите: Денеска при преглед на Клиника утврдено е дека мојата работна организација нема платено здравствено осигурување заклучно 30.04.2019 ве замолувам да проверите што се случува со моето осигурување, па доставуваат документи каде што се гледа дека нема осигурување а тоа е веќе од крајот на мај оваа година. Потоа друго писмо: Најитно молам да се провери зошто моето здравствено осигурување е заклучно 30.04 оваа година. А, системот не дава, зашто наводно не се платени придонесите. Молам да се провери и реши, за да не се случат поголеми проблеми во иднина. Ако било се во ред со здравственото осигурување онака како што велат од МНР, од каде овие писма? Ако се било во ред зошто одговорните за организациони работи, за човечки ресурси, поединечно и групно одговара и се извинува на поставените прашања дека сепак велат, проблем постои со здравственото осигурување на вработените и на дипломатите, и пишува за проблем – рече Стоилковски.

МНР, додава тој, е редно да одговори, дали имало проблем со кој што од 30 април до вчера, вработените беа оставени без здравствено осигурување, а македонските дипломати при посета на лекар морале да црвенеат бидејќи не им било соопштено дека не им било платено здравственот осигурување?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот