ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за култура да биде во Охрид

Фото: Фејсбук

Наместо да предлагаат атрактивни проекти пред изборите, партиите треба системски да пристапат во решавањето на проблемите, вели поранешниот пратеник и актуелен дописен член на МАНУ, Изет Зеќири.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најави дека планира Министерството за култура и сите државни институции од културата да ги пресели во Охрид. Партијата вети дека ќе се погрижи граѓаните да решаваат како ќе се трошат парите од данокот што го плаќаат.

– Граѓаните на Охрид, но и на другите градови, ќе имаат можност самите да изберат за кој проект во нивниот град ќе се троши нивниот данок. Охрид е културна престолнина и тука треба да бидат сместени сите државни културни институции и управи, како и самото Министерство за култура, тоа се вика институционална децентрализација – рече лидерот Христијан Мицкоски на трибината „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“.

Поранешниот пратеник и актуелен дописен член на МАНУ, универзитетскиот професор Изет Зеќири, вели дека партиите наместо да предлагаат атрактивни проекти пред изборите, треба системски да пристапат во решавањето на проблемите.

– Треба да се пристапи рационално во создавање пофункционална локална власт. Би било добро да се размислува за реформи со цел поефикасна фискална децентрализација каде општините ќе имаат повеќе финансиски ресурси. А децентрализацијата на министерствата може да стане само дополнителен трошок за општините и плус проблеми за пат и за сместување на вработените. Овој предлог е чисто политички привлечен пред изборите – вели Зеќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот