ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Фото: Архива на „Слободен печат“

Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот. Власта не треба да ја бара вината кај народот, властите се неспособни да се справат со короната, наведуваат во партиското соопштението од опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Додека другите држави во окружувањето и по 10 тина дена немаат регистрирано ниту еден нов случај, Македонија бележи и новозаразени и нови смртни случаи. Словенија, Хрватска и Црна Гора немаат нови случаи повеќе од 10 дена. Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот. Не се справи заради лошиот менаџмент на владата. Лекарите, медицинските сестри и болничарите сами си купуваа заштитна опрема. Државата буквално беше оставена на милост и немилост- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособноста на СДСМ, велат оттаму, за која сега виновни се граѓаните кои ги затворија како во притвор два месеци дома ќе ги чини токму граѓаните 1.3 милијарди евра до крајот на годината, за кои државата ќе треба да се задолжи.

-За целиот неуспех и некадарност сега го обвинуваат народот. Не можат сами да се сносат ниту со сопствените грешки. СДСМ ја урива државата. Со ноншаланиот и неодговорен однос на СДСМ не можеме понатаму. Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија- стои во сооопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот