ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска, Николовски и Филипче не се нови ликови

Сања Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски која наместо криминал брка путер и Филипче кој во пандемија се фати за провизии не се нови луѓе.

Фирмите на Заеви секој квартал се во врвот на листата на должници за ДДВ, и не видовме ниту слушнавме за некоја акција од УЈП. Тоа е Сања Лукаревска извршител на Заев.

Љупчо Николовски не се пронајде на ниту едно место. Земјоделието го упропасти, па смислија нова функција, каде наместо криминал брка путер.

Венко Филипче од добар лекар се сведе на потрчко на Заев. Наместо да брка вакцини, тој во сред пандемија бркаше провизии.

Битиќи не донесе ниту една инвестиција. Имаме 6.200 затворени фирми и 60.000 останати без работа.

Царовска тера инает со цела држава. Спротивно на волјата на учениците, родителите и наставниците турка проект од кој корист ќе имаат само тие што ќе ги прават набавки и никој друг.

СДСМ е истото старо транзиционо лице. На чело со стариот Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот