ВМРО-ДПМНЕ: Кривичната пријава за „Мавровка“ е популизам бидејќи објектот е изграден со дозвола на СДСМ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека кривичната пријава за бесправното градење кај „Мавровка“ е популизам бидејќи објектот бил изграден со дозвола на СДСМ, а рушењето, како што наведуваат од партијата, сега ќе се плати од џебот на граѓаните.

-Дивоградбата кај Мавровка е изграден во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви. Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот. Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради, прашуваат од партијата.

Владата одлучи „Македонија пат“ да ја урне дивоградбата пред Мавровка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот