ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски правеше есап без народот, нека се охрабри и нека излезе на избори

Ковачевски можеби заборавил, ама и врапчињата знаат дека е премиер поради кој има највисока инфлација, сиромаштија, и корупција. Тој од Европска Унија има врска само кога се работи за евровалутата која ја пресметува кога влегува во некој личен бизнис, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју за Канал 5 на премиерот Димитар Ковачевски.

„Полна му е устата со западни вредности, а доделува дебели тендери на компании со руски и кинески капитал. Зборува за напредок, а тешки милиони доделува на фирма за гаќи да се преструктуира во бизнисот со градежен надзор.

Тоа се вредностите и капацитетите на Ковачевски.

Кога пак се работи за националните и државните интереси, тогаш тоа се апстрактна именка за Ковачевски. Тој и неговата влада правеле есап без народот. Ниту народот, ниту експертите, ниту опозицијата ги прашаа кога правеа договори со Бугарија. Сега е крајно лицемерно да ги доведуваат сите пред свршен чин.

На Ковачевски кога веќе му бројат денови на фотелја, нека се охрабри и нека излезе на избори, па граѓаните јасно да кажат како ќе се одвиваат клучните процеси во државата“, стои во соопштението.

Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност на Балканот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот