ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме забрана за увоз на тутун додека не се откупи домашниот

Тутунари Македонија
Тутунари / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Владата предводена од Зоран Заев не се грижи воопшто за граѓаните освен за своите интереси. Десетици илјади семејства кои живеат од тутунот се заборавени, излажани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта наместо на страна на земјоделецот се става на страна на откупувачите со што не се цени, односно се гази по трудот на земјоделците.

За разлика од Заев и Владата предводена од Заев, ВМРО-ДПМНЕ се грижи се грижи за земјоделците. Токму затоа во прва прилика ќе предложи измени на Законот за тутун.

ВМРО-ДПМНЕ со предложените измени ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец.

Целта е да се постигне повисока откупна цена на тутунот со што ќе се вреднува трудот на тутунарите, бидејќи Заев и Владата предводена од СДСМ ги пљачкаат тутунарите бидејќи откупната цена не е доволна да се покријат основните трошоци за производство. Заев овозможува да се увезува тутун од странство газејќи по домашните тутунопроизводители.

Четирите години власт на Заев се четири украдени години за сите. Се крадат и потценуваат тутунопроизводителите, наместо да се цени нивниот труд. ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквото расипничко однесување на Заев и потценувањето на тутунопроизводителите, стои во нивното соопштение до јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот