ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во Скопје

Денеска ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот повторно излегува на улица. Излегува на улица затоа што Зоран Заев повторно излажа дека не преговарал за името, идентитетот, јазикот, историјата.

Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже.

Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување.

Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле.

Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа.

Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна.

Време е да се стави крај на лудост на Заев пред да биде предоцна. Или Заев, или Македонија.

Сите заедно да ја одбраниме Македонија, сите пред Владата во 13 часот, а поаѓање од СЦ „Борис Трајковски” и СЦ „Јане Сандански” во 12:30 часот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот