ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за законите за образование

Ние ќе гласаме воздржано за Законите за основно и за средно образование, рече денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска. Ваквата одлука на опозициската партија доаѓа откако на Комисијата за образование не поминаа нивните амандмани.

– Само затоа што парламентарното мнозинство немаше слух да прифати наши амандмани, ќе гласаме воздржано по овие два закони. Амандмантие беа за обезбедување на компјутери и интернет за сите ученици и со еден од амандманте баравме наместо да пишува „одлучува Владата“, да стои „владата на предлог на минстерот за образовние“ како што впрочем било и до сега. Бараме одговорност од сите кои придонеле за лошата состојба во образованието, рече Ласовска.

Министерката за образование Мила Царовска, посочи дека Законите за основно и средно образование се јасни и дека со нив се утврдува одредена уредба која во вонредни околости ја носи Владата.

– Целта е уребата технички да го уреди начинот на образованието. Со Законите за првпат се воведува и правото на учење од далеченина. Сметаме дека системот на образование се уредува на овој начин, бидејќи со електронското образование се осовременува образовниот систем, рече Царовска.

Опозициската Алијанса остро ги нападна законите. Халил Снопче обвини дека со нив Владата ја има можноста да спроведе тотална централизација во образованието.

– Онлајн наставата беше тотално неуспешна во Македонија. 40.000 ученици немаат пристап до компјутери и интернет. Ако сме во борба со времето, зошто не се преземени мерки и зошто ситуацијата стагнира. Кој ќе сноси одговорност за тоталната летаргија во нашето образование, праша Снопче.

Пратеникот од ДУИ Арбер Адеми, со контра одговор. Тој како министер бил на чело на еден процес кој првпат се воведува во Македонија.

– Пред нас се два значајни акти за образовниот процес. Ние како пратеничка група ќе дадеме поддршка за законите. Решенијата во нив по однос на почетокот и времетраењето на школската година, поради епидемиолошкиот состојба, овозможуваат организирање на школската година колку што може подобро. Со нив се предвидуваат скратени рамки. Но најважно е дека наставата од далечина ќе добие законска рамка, рече Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот