ВМРО-ДПМНЕ: Како и претходните четири пакети мерки, така и петтиот не нуди никаква помош на граѓаните и бизнис секторот

Додека граѓаните и бизнисот мака мачат како да ја надминат ковид кризата, СДСМ и понатаму безсрамно се фали дека им нуди некаква помош.Како и претходните четири пакети на антикризни мерки така и петтиот пакет на мерки на владата е неразвоен, крпи дупки и служи само за поткуп на гласачи пред избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Мерките на СДСМ и Заев не го помагаат бизнисот и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите.За тоа дека мерките се не ефикасни докажува е податокот дека над 55.000 луѓе останале без работа, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Според нив додека Заев се обидува да манипулира со граѓаните, во Британија владата обезбедила 1.000.000 лаптопи и таблети за учениците. Кај нас ни трага ни глас од помош за најмалите.

Со Заев имаме само уназадување. Затоа потребно е што поскоро оваа криминална влада на СДСМ и Заев да си заминат веднаш, истакнуваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот