ВМРО-ДПМНЕ: Ја приватизираа детската кардиохирургија, а сега ќе обучуваат тимови за интензивна нега

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека со програмата за кардиоваскуларни заболувања на Министерството за здравство се предвидуваат пари за обука на тимови за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија иако кардиохируршките операции кај децата како и тимовите кои ги работата се префрлија во болницата на Жан Митрев.

-Откако детската кардиохирургија ја префрлија во приватна здравствена установа, сега државата плаќа и странски лекари да работат во приватна здравствена установа. А во исто време набавената опремата на Универзитетската клиника за детска хирургија, во висина од 2 милиони евра, стои целосно неискористена. Имено, според превентивната програма на Министерство за здравство за кардиоваскуларни заболувања, објавена во Службен весник за 2019 година, ја гледате овде позади, предвидени се 10 милиони 930 илјади денари за образовни и договорни услуги за тимовите на интензивна хируршка нега на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје. Но што се случува, со народни пари се плаќаат странски доктори да се обучуваат и работата во приватна здравствена болница!! Зарем тоа е јавно приватно партнерство? Венко Филипче треба да одговори каде е тука јавниот партнер и кој е интересот на јавниот партнер и на јавната институција?Каде е размената на експертиза помеѓу јавните и приватните институции? Зарем државата ќе го обучува и плаќа кадарот на приватната болница, која ги инкасира средствата за услугите за кардиохирургија покачени за 45% од ФЗОМ и плус средства дополнителни за обука на персоналот? Ова не е ништо друго туку криминал – рече Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот