ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата за претстојните избори

Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја претстави програмата „Обнова“, со која оваа партија ќе настапи на изборите кои треба да се одржат на 15 јули, а веќе од вечерва на полноќ започнува предизборната кампања.

Мицкоски на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии и напиша дека програмата „Обнова ќе донесе повеќе за секого.

„Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме. Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти и дека сме различни од нив. Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, таа е базирана на директни потреби на граѓаните, кои ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ја исполниме“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе…

Publiée par Hristijan Mickoski sur Mardi 23 juin 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот