ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за пругата, СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, а сите ја градеа

Утрово двете партии се „бомбардираа“ со пресови и дописи. Но, од обвинувањата, граѓаните ништо немаат, освен два неуспешни обиди и потрошени 200 милиони евра.

Пругата кон Бугарија стана мета за меѓусебни обвинувања меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ. Утрово двете партии се „бомбардираа“ со пресови и дописи. Но, од обвинувањата, граѓаните ништо немаат, освен два неуспешни обиди и потрошени 200 милиони евра. Во првиот обид од 1994 година да се гради пруга кон Бугарија биле потрошени 120 милиони долари. Во вториот обид, кој почна од 2014 година, потрошени се 81,3 милиони евра за првата и втората фаза, што ја вклучува трасата од Куманово до Крива Паланка, каде што има делумно завршени работи. За третата фаза, веќе е одобрен и заем од 350 милиони евра и е добиен грант од 150 милиони евра.

Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, утрово го повика Јавното обвинителство да истражи како тоа ќе сме граделе пруга каде што еден километар чини 23 милиони евра.

– Дали власта на СДС и ДУИ ја напумпала цената и кој требал да биде дел од проектот пруга кон Бугарија која завршува во тунел без крај? Дали СДС и ДУИ имале намера преку подизведувачи да испумпаат стотина милиони евра од пругата кон Бугарија, без разлика што таа можеби со децении нема да може да профункционира. Зошто СДС кога знаеле дека истата не може да проработи, ја ставиле државата во обврски? Дали СДС имале само еден единствен мотив, а тоа е да ги потрошат парите од ЕБОР и од буџетот, без разлика дали проектот на крај ќе биде целисходен или не? – ги постави јавно овие прашања јавно Петрушевски.

СДСМ веднаш возврати:

„Прво добија жолт картон од ЕУ кои го финансираат, а потоа демонстрираа целосна некоординација во Владата. Министерката за финансии пред некој ден вели дека парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, но ВМРО-ДПМНЕ вчера пак побара тие средства да одат за железницата кон Грција. Кој кого изигрува тука? Унгарскиот претставник во Владата на Македонија, Александар Николовски зборува дека ќе бара пренамена на средствата, колегата Муцунски му вели не може. Има ли капетан на бродот? Откако сфатија дека не можат да ги пренаменат парите, а уште повеќе дека проектот е под целосен надзор и контрола на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ сака да прикаже некаков криминал и залудно потрошени пари. Им порачуваме слободно нека го истражат случајот наместо да праќаат јалови соопштенија“, одговорија од СДСМ.

Пругата пак ја градеа сите влади досега. Првиот обид почна во далечната 1994 година, кога премиер беше Бранко Црвенковски и се туркаше до 2004 година. Во 2014 година кога премиер беше Никола Груевски, пак се удрија темели.

Шокантно тврдење на директорт на Железници: Пругата кон Бугарија се распаѓа и урива, арматурата како да е направена од цевки за пиење сок

Сегашната Влада стави крај на проектот, оценувајќи дека нема да ни биде од корист. И министерот за транспорт и врски Александар Николовски премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе бараат пренамена на одобрениот кредит од 350 милиони евра, по 175 милиони од ЕБОР и од ЕИБ, така што дел од парите би се искористиле за пругата кон Грција.
Министерската за финансии на брифингот со новинарите беше децидна дека наменски кредит не може да се пренамени, туку само „може да се замолат да ги резервираат парите, ние пак да аплицираме и да ни одобрат таков износ“.

Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот