ВМРО-ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до семејството на Амди Бајрам

Изразуваме длабоко сочувство до семејството и најблиските за ненадејната смрт на Амди Бајрам, долгогодишен пратеник во собранието на Република Македонија и претседател на партијата Сојузот на Ромите.

Бајрам беше политичар кој се вгради во македонската општествено политичка сцена и во текот на неговиот неколку децениски политички ангажман ќе се памети по своите заложби и говорења за правата на Ромите.

Нека почива во мир, стои во телеграмата која по повод смртта на поранешниот пратеник Амди Бајрам, до семејството ја испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот