ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не го потпишаа барањето за подобар живот на децата со посебни потреби

Измени на Законот околу одземање на деловната способност на децата со посебни потреби, зголемување на додатоците, тргнување на границата од 26 години за овие лица во здравството, како и измена и на други закони и после 18 години да се применува посебниот додаток во додаток на попреченост, се дел од барањата на родителите на деца со посебни потреби, кои ги срочија во документ и побараа претставниците на политичките партии да  го потпишат со што ќе се заложат дека ќе ги исполнат.

Маргарита Милошеска од Гостивар, родител на девојче со церебрална парализа и координатор во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби. мината седмица ги повика лидерите на сите политички партии да дојдат на средбата во паркот, каде со потпис ќе им ја дадат поддршката.

-Бараме родителите на овие деца да можат да одат во пензија на 55 години, зголемување на додатоците, тргнување на возрасната граница од 26 години за овие лица во здравството, и измена на други закони, со цел лицата со попреченост да добијат подостоинствен и полесен живот. На средбата свој потпис како поддршка и еден вид на збор дека ќе се заложат за исполнување на нашите барања за време на својот мандат, ни дадоа СДСМ, Левица, Македонски концепт, Алијанса за Албанците… Од Интегра претставник го зеде документот првин да го разгледа, па ќе не извести дали ќе биде потпишан. За жал, никој од ДУИ не појави на настанот. Од ВМРО ДПМНЕ пак, дојде нивни претставник, но не го потпиша документот со нашите барања. Разочарувачки е, бидејќи се работи за две големи партии. Благодарни сме им на сите политички партии кои дојдоа и го потпишаа документот со нашите барања, и со тоа се заложија за нивно исполнување. Разочарана сум што воопшто не се појавија од ДУИ, очекував дека ќе дојде нивни претставник. Исто така, разочарана сум од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, бидејќи не сакаа да се потпишат. Ветија со збор дека ќе ни даделе можеби и повеќе од тоа што бараме, но ние имаме искуство со ветувања во ветар во минатото, и не сакаме повеќе да веруваме. Но, можеби е и фер од нивна страна да не го потпишат она за кое не се сигурни дека ќе го остварат. Сепак, мора да потенцирам дека нашите барања се многу издржани и нема ништо посебно што не би можело да се оствари – рече Милошеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот