ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните осиромашуваат и умираат од корона, а Заеви ги полнат џебовите

Македонија продолжува да бележи трицифрен број на заразени од корона вирус. Бројот на заразени надмина 13 илјади, а бројот на починати е над 550. државата е црн рекордер во регионот и Европа на еден милион жители, а да е уште пострашно станавме извозник на корона во земји од Европа поради немањето мерки и протоколи, стои во соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на Заев наместо да се посвети на борба со пандемијата и справување со последиците беше и е посветена на криминал и корупција. Така Агенција за обезбедување од Струмица блиска до заеви има испумпано над 21 милион евра за само 2 години од државни и енергетски компании, а од народот бараат да плаќа поскапа цена на струјата за 7,5%. Се задолжија милијарда евра само за три месеци. наместо за поддршка на економијата, стопанството и изградба на капитални инвестиции , парите се потрошија за изборен поткуп. Затоа сега експертите најавуваат дека од септември државата ќе нема пари за сервисирање на основните потреби.  Дојде државата до дереџе да биде единствената земја во регионот во која пропадна банка и остави илјадници луѓе без своите заштеди, ама затоа министерката Ангеловска “успеала” навреме да ги повлече депозитите- е наведено во партиското соопштение.

Додека народот осиромашува, потенцираат оттаму, се разболува и луѓе умираат, милионерите од власта на Заев и понатаму ги полнат џебовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот