ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДСМ немаа проекти, не ги довршија ниту проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ регира на обвиненијата  од СДСМ дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат, соопштението го пренесуваме во целост:

Градоначалниците од СДСМ немаа проекти, не ги довршија ниту проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ.

Реконструкцијата на стадионот во Битола е проект кој беше почнат од ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 5 години како централна власт и 4 години како локална власт да не го доврши.

СДСМ ја закочија и гасификацијата која не е мрдната од мртва точка, исто како и изградбата на автопатот Кичево Охрид, закочен е и Клиничкиот центар во Штип, нема работа која ова неспособна власт било на централно ниво, или на локално каде што градоначалниците се од СДСМ, а да е завршена.

Градоначалниците на СДСМ за 4 години не направија ништо, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ направија повеќе за 6 месеци отколку нивните претходници за 4 години.

Разликата во работа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и народот ја гледа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот