ВМРО-ДПМНЕ: Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и не смее да биде предмет на било какви преговори

Фото: МИА

Партиски делегации на ВМРО-ДПМНЕ му оддадоа почит на великанот во Скопје, Кавадарци, Битола, Прилеп, Неготино, Штип, Гостивар, Кратово, Делчево, Куманово, Виница и Радовиш.

Партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ денес го одбележеа 4 мај – Денот на смртта на најголемиот македонски великан Гоце Делчев. Партиски делегации во повеќе градови ширум државата му оддадоа почит на најголемиот национален херој кој својот живот го положи за независна и суверена Македонија.

Партиски делегации на ВМРО-ДПМНЕ му оддадоа почит на великанот во Скопје, Кавадарци, Битола, Прилеп, Неготино, Штип, Гостивар, Кратово, Делчево, Куманово, Виница и Радовиш.

-Живееме во време кога поради политиките на власта се оспорува македонскиот, јазик, историја, име и идентитет се оспорува и припадноста на Делчев, а без Делчев нема Македонија, Делчев е Македонија. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и не смее да биде предмет на било какви преговори и договори. Со својата визија тој го обедини македонскиот народ во борбата за македонска држава. Како што го паметат нашите мајки и татковци, баби и дедовци така ќе го паметиме и ние како Македонец. Се додека се сеќаваме и го паметиме, додека Делчев е жив во нашите срца жива ќе е и Македонија- е наведено во партиското соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот