ВМРО-ДПМНЕ го предлага Панчевски за наследник на позицијата на Катица Јанева

Владимир Панчевски/ Фото: МИА

Во интервју за телевизија Сител, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека моментално суспендираниот судија, Владимир Панчевски, би можел да се најде на чело на новото обвинителство.

– Нашите забелешки за предлог законот на јавното обвинителство се принципиелни, прво човечкиот ресурс со кој располага СЈО е дискутабилен. Целиот тим гледаме дека е целосно контаминиран од случајот „Рекет“. Тие мора да си се вратат во обвинителствата од каде што биле преземени – рече Мицкоски.

– Вториот дел од мојот одговор е таканаречениот репрезент на Рускоска обвинителството. Тоа е исто како сега ние да предложиме човек кој навистина има репутација и кредибилитет, кој е биран со години за најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто тоа да не е човекот кој ќе го води тоа одделение или обвинителство, истакна Мицкоски.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Панчевски моментално е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС системот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот