ВМРО-ДПМНЕ го оцени пресот на Спасовски како патетичен и паничен: Власта два дена знаела дека Мијалков ќе бега и не преземала ништо

Фото: МИА

Патетична и панична е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во неговото прво излегување во јавност по бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

– Спасовски нека не глуми лудило. Сега испаничениот министер е најголемиот виновник за бегството на Мијалков. Во патетична и панична прес-конференција, Спасовски призна дека Мијалков и минал пред нос на полицијата, дека власта цели два дена знаела оти ќе бега и не го спречила, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија заклучува дека „според изјавата на Спасовски, Мијалков бил комотен и се шетал сосема слободно, за да и побегне на полицијата во пет до 12“.

– Самиот факт што тоа е така, значи дека Мијалков е брифиран за секое движење и секоја акција од страна на врвот на власта. Што чекал Спасовски два дена и зошто дозволил Мијалков слободно да се шета низ Скопје и да го планира своето бегство. Мијалков не можел да избега без помош од Спасовски, особено ако се точни наводите на самиот Спасовски дека Мијалков бил цело време следен од полиција. Тука Спасовски сам падна во замка во обид да се вади, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот