ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема стратегија, државата тоне во пандемијата

Фото Архива

Го помина цело лето без да направи подготовки, не е инвестирано во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар, ниту пак во опрема. Се уште нема вакцини за сезонски грип. Илјадници возрасни лица и лица со хронични болести се соочуваат со ризик – и за тоа е виновен Филипче, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Македонија тоне во Ковид панедмијата, а Филипче мува не го лази. Нема одговорност иако за една недела имаме над 2000 заболени, повеќе отколку што истиот прогнозираше дека ќе имаме за време на целата пандемија. Филипче нема кредибилитет. Не беа направени соодветни протоколи за училиштата. Затоа имаме заболени ученици и наставници. Не се заштитени ниту медицинските лица. Власта го фрли во хаос целиот систем“, се вели во соопштението.

Во него од партијата прстот го вперија и во Комисијата за заразни болести, која велат со своите политики придонела за ваквата состојба.

„Филипче нема стратегија. Со неговите погрешни политики кои беа протежирани и од Комисијата за заштита од заразни болести, како партиска испостава придонесоа во Македонија да нема прекин на пандемијата во летниот период, туку да имаме пандемија во континуитет од март досега. И секој ден е нов пик. За ова одговорност мора да има. Филипче покажи доблест. Поднеси си оставка“, велат од ВМРО-ДППМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот