ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја стави Македонија на високото петто место во Европа по смртност од ковид-19

скопје велигден коронавирус македонја ковид-19 луѓе пазар
Граѓани пазарат на Зелен пазар во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Неспособниот Филипче ја стави Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од ковид-19 на 100 илјади жители, велат од опозицијата.

-Гробарот Филипче секој ден закопува членови на многу семејства. Филипче ги има сите ресурси да помогне, а што направи тој целосно потфрли! Секој ден трагедии за многу семејства. Секој ден огромни загуби на човечки ресурси во општеството. Нема терапија се секого и секаде, нема услови за лечење на болните, медицинскиот кадар е исцрпен, здравствениот систем нефункционален, и сето ова поради Филипче- се наведува во соопштението од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за оставка и одговорност, потенцираат оттаму, Филипче оставка – веднаш!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот