ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев слави, Македонија тагува

Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од ковид-19, а немаше, ако Заев набавеше вакцини на време. Додека Заев слави, Македонија тагува“, се вели во соопштението, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев не кажа ништо за Рекет 1 и 2, за ташната со изрекетирани пари која по зборовите на Бојан Јовановски завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за Мафија 1 и 2 и за тоа како светски наркобосови земале македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците на пасошко. Заев додека славеше ниту еднаш не ги спомна над 4.600 загубени животи, од кои голем брпј не се меѓу нас заради лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини. Заев молчи и за илјадниците штедачи кои останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банката. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства чии членови го прележаа КОВИД 19 се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на врата. Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од ковид-19, а немаше, ако Заев набавеше вакцини на време. Додека Заев слави, Македонија тагува“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот