15 C
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Дипломатски скандал е што Заев мислеше дека тепач на жени како Фрчкоски може да биде амбасадор во САД

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ упати жестока реакција за информацијата дека САД го одби Љубомир Фрчкоски за македонски амбасадор.

– Уште еден пораз на земјава донесен од Заев. Љубомир Фрчковски не може да биде амбасадор на земјава во САД, особено затоа што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби. На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски. Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата. Заев е магнет за неспособни кадри. Љубомир Фрчковски беше министер за внатрешни работи кога се случи нерасветлен атентат на претседателот Киро Глигоров и кога на големо се случуваше шверц на цигари и нафта. Со неговото име се врзуваат сите скандали од транзицијата од чие време потекнува и кариерата на аболираниот криминалец Зоран Заев. Со ова се покажува несериозниот однос на земјава кон најсериозните дипломатски прашања, стои во соопштението на партијата.

Фрчкоски нема да биде наш амбасадор во САД?

 

Прочитајте и...  Полициски час во Минеаполис по убиството на Афроамериканецот Рајт

Поврзани вести

Забрчанец: Пари има, инвент индустријата само треба да конкурира за грантови

Слободен печат

42 мигранти настрадале во бродолом кај Џибути: Шверцерите не се пронајдени

Слободен печат

ВО ЖИВО: Пресуда за случајот „Трезор“

Слободен печат

Богдановиќ: Бараме вклучување на повеќе институции за предмети поврзани со ДУП-овите

Слободен печат

Лавров: ЕУ ги загрозува преговорите со воведување санкции за Иран

Слободен печат

Џафери им го честита почетокот на Рамазан на припадниците на исламската вероисповед

Слободен печат

Остави Коментар