ВМРО-ДПМНЕ: Дали комбето фатено со дрога од 800 илјади евра е на семејството Заеви?
ВМРО-ДПМНЕ во врска со приведувањетои на висок полициски службеник од Прилеп, во свое партиско соопштение прашува дали е уапсен и роднина на премиерот Зоран Заев, во акцијата во која беше запленета дрога во вредност од 800.000 денари.
„Заев да одговори дали е точно дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000€ во бело комбе со грчки таблици, е во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис „Медикал 420″, се вели во партиското соопштение на опозицијата.
Оттаму обвинуваат дека станува збор за апсење на братучедот на премиерот Зоран Заев.
„Пратечки возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на премиерот Заев) и Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп. Дали е уапсен шоферот на Трајче Заев токму во оваа акција?“, прашуваат од опозицијата.
„Дали во фирмата „Медикал 420″ со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев?Фирма со име „Медикал 420БГ лтд” од овие двајца беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич“, се додава во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.