ВМРО-ДПМНЕ: Дали функционери на СДСМ преку пари од тендери стекнуваат огромни имоти?

Фото Архива

Додека Дарко Каевски директорувал и ја извршува функцијата пратеник фирмата на неговиот татко Гео Каевски зема милионски тендери, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во период од три години, односно 2018, 2019 и 2020 ГЕО КАЕВСКИ од тендери инкасирала над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

Во исто време според податоците од имотниот лист на Каевски гледаме дека тој се стекнал со стан во Скопје и дел од куќа. Податоците се јавно објавени на страната на ДКСК, а документот го прикачуваме во прилог.

Дали функционерите на СДСМ лапаат државни пари преку фирмите на нивните родители и блиски роднини?

И додека народот по цел живот се мачи да обезбеди сопствен дом функционерите на СДСМ и нивните фамилии вртат стотици илјади евра преку државни тендери.

Одговорност мора да има. Ја повикуваме ДКСК да ги испита случаите со стекнување на имот на Каевски и земањето тендери на фирмата на неговиот татко“, посочија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот