ВМРО-ДПМНЕ: Да се има избори во Штип значи нови заразени од корона

Фото: Архива на „Слободен печат“

СДСМ и Љупчо Николовски ги множат штипјани со нула и воопшто не ги интересира здравјето на граѓаните. Тие се опасност за здравјето на граѓаните во Штип. Да се има избори во Штип значи нови заразени и мртви во Штип од корона, реагираат од опозицијата на изјавата на генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски за ТВ Стар.

-Не постои нешто како сигурни избори и заштитено здравје. Или ќе има избори и многу заразени и мртви или ќе има одложени избори и заштитено здравје. Тоа што СДСМ е осамена во намерата за избори во Штип значи дека тие сакаат на мала врата по цена на здравјето на штипјани да ја сочуваат фотелјата на Бочварски и Заев. Наместо Николовски да глуми експерт по здравје нека земе да работи за борба против корупцијата која ја има во изобилие. Нема штипјанец кој го одобрува ова мафијашење на СДСМ и играње со здравјето на сите-наведуваат од опозицијата.

Николовски: Избори во Штип ќе има, а Сашко Николов е идниот градоначалник

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот