ФОТО | ВМРО-ДПМНЕ: Благо водство на Арсовска во Скопје

Данела Арсовска
Данела Арсовска / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и Владо Мисајловски, соопштија дека кандидатката Данела Арсовска има благо водство на изборите за градоначалник на Град Скопје.

„На 50 отсто обработени податоци за град Скопје благо водство на Даниела, се очекува победа во прв круг во Ѓорче Петров. Има позитивен тренд во сите поголеми општини“ соопштија од партијата.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа на локалните избори на својот Фејсбук профил. Во обраќањето на потпаролот на партијата, Наум Стоилковски, пред новинарите присутни во штабот, брифираше дека според неофицијални податоци на партијата, ВМРО-ДПМНЕ победиле или водат во поголем дел од општините во Скопје.

ВИДЕО | Лефков: Регистрирани многу нерегуларности, но очекуваме победа во многу општини

Во штабот на партијата веќе пристигнуваат кандидатите за градоначалници.

Атмосфера во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Слободен печат

 

Атмосфера во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Слободен печат
Атмосфера во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот